сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 81
home Вести

Од срушената зграда во Мајами пронајдена и последната жртва – вкупно 98 загинати лица

Од срушената зграда во Мајами пронајдена и последната жртва – вкупно 98 загинати лица

Конечниот број на загинати при уривање на станбена зграда во Мајами е 98 лица, потврди градоначалникот на округот Мајами-Дејд откако беа пронајдени и идентификувани останките на последната жртва, која сè уште беше наведена како исчезната.

Остатоците од последната жртва ги пронашла екипа за спасување на 20 јули, по што форензичарите се обиделе да ја идентификуваат, соопштија официјалните лица.

Потрагата по жртви во урнатините на станбен комплекс во предградитое на Мајами заврши минатиот петок.

Градоначалничката Даниела Левин Кава на прес-конференција рече дека операцијата за спасување и потрагата по жртвите е „најголемата акција за итни случаи во државата.

-Денес можам да пријавам дека е идентификувана последната жртва и дека семејството е известено, додаде таа.

Откривањето на остатоците од последната позната жртва потврди дека при уривањето на зградата на 24 јуни загинаа 98 жртви рано изутрината.

Коронавирус