четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Од сабота во Калифорнија т.н. полициски час

Од сабота во Калифорнија т.н. полициски час

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам нареди воведување т.н. полициски час од утре во поголемиот дел од таа американска сојузна држава, по зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус.

Наредбата, која ќе биде во сила еден месец, го ограничува бројот на луѓе на домашни собири и активности надвор од домот.

Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а новите мерки ќе опфатат 94 отсто од жителите на Калифорнија, пренесува Си Ен Ен.

– Вирусот се шири со темпо што не сме го виделе од почетокот на оваа пандемија, а следните неколку дена и недели ќе бидат клучни за да се запре неговото ширење“, рече Њусам.

Тој додаде дека најважно е да се намали преносот и да се забави хоспитализацијата пред да се зголеми бројот на смртни случаи.

Коронавирус