среда, 28. јули 2021. Вести денес: 122
home Вести

Од полноќ забрането движење на помлади од 20 години во Турција

Од полноќ забрането движење на помлади од 20 години во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека од вечерва на полноќ наметнува задолжително ограничување на движењето за оние под 20 години, заострувајќи ги мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

– Секој на возраст под 20 години, или оние родени по 1 јануари 2000 година, нема да смеат да излезат надвор, почнувајќи вечерва на полноќ по локално време, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Турскиот претседател претходно воведе забрана за движење за лица над 65 години и за хронични пациенти. Ердоган рече дека возилата веќе нема да можат да влезат и излегуваат во 31 град, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, во текот на следните 15 дена.

Од утре започнува и задолжително носење заштитна маска.

Коронавирус