вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 36
home Вести

Од непозната треска во Јемен досега умреле стотици лица

Од непозната треска во Јемен досега умреле стотици лица

Јеменските власти се обидуваат да го откријат причинителот на мистериозната болест во која досега загинаа стотици луѓе. Неименуван владин службеник од Аден изјави дека директорот на Министерството за внатрешни работи, Ахмед Насир, починал од непозната болест, и дека тие претпоставуваат дека станува збор за треската чикунгуња, што ја пренесуваат комарци, или од белодробна чума, јави агенцијата Анадолија.

Тој истакна дека засега нема официјална изјава за причината за смртта кај луѓето.

Друг владин извор потврди дека од 1 до 13 мај во Јемен од чумата, но и од други вируси, починале 623 лица, вклучувајќи и повеќе владини службеници.

Чикунгунија е вирусна болест што ја пренесува комарецот „Aedes ae Egypti“, што е носител и на вирусот Зика и на вирусот Денга.

Луѓето заразени со вирусот чикунгуња доживуваат општа малаксаност, гадење, треска и силна болка и отекување на зглобовите.

Коронавирус