четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 184
home Вести

Од коронавирус во Кина починаа 3.169 лица, а прогласуваат крај на епидемијата

Од коронавирус во Кина починаа 3.169 лица, а прогласуваат крај на епидемијата

Кина го помина шпицот на епидемијата на коронавирус, соопшти Националната здравствена комисија.

Ова го соопшти портпаролот на комисијата Ми Фенг на прес-конференција.

Во Кина бројот на новозаразени дојде на најниско ниво откако изби епидемијата. Националната здравствена комисија соопшти дека има 15 новозаразени, што е најмалку од декември, кога почна сè, и 11 починати.

Во најтешко погодената провинција Хубеи и нејзиниот главен град Вухан беа најголем дел од вкупно 80.793-те заразени и 3.169 починати во Кина.

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на коронавирус, која се прошири во најмалку 114 земји, за пандемија, а Италија ги заостри мерките на карантин, додека САД воведоа забрана за летови од и кон Европа.

Повеќе од 126.000 се заразени на глобално ниво, според СЗО. Од нив, над 68.000 оздравеле, според универзитетот Џон Хопкинс, кој го следи вирусот.

Коронавирус