среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Од коронавирус починати се 101.483, а оздравеле 371.866 луѓе

Од коронавирус починати се 101.483, а оздравеле 371.866 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.675.006 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 101.483, а оздравеле 371.866 луѓе.

– Во Велика Британија во последните 24 часа починале 980 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи порасна на 8.958. Ова не е само најголем број на починати во еден ден во Британија, туку и повеќе смртни случаи отколку што имаше во најлошите денови ви Италија (919) и Шпанија (950).

– Во Италија во последните 24 часа починале 570 лица, помалку од вчера (610). Исто така и бројот на новозаразени е помал од вчера и изнесува 3.951 за разлика од 4.204. Вкупниот број на починати достигна речиси 19.000, а заразени се речиси 150.000 луѓе.

– Предвременото укинување на мерките за борба против новиот коронавирус може да доведе до повторна појава на пандемијата, предупреди СЗО.

– Португалскиот претседател Марселу Ребелу денеска соопшти дека планира вонредната состојба да ја продолжи до 1 мај. Во земјата има 15.472 заразени и починати 472 луѓе од Ковид-19.

– Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Турција достигна 47.029 лица, а 1.006 починале.

– Робот почнал да послужува пациенти со коронавирус во болница во Истанбул како мерка за заштита на медицинскиот персонал од епидемијата на Ковид-19. Роботот носи храна, пијалаци и лекови на пациентите.

– Во изминатото деноноќие во Холандија се регистрирани нови 155 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви надмина 2.500. Заразени се вкупно 23.097 луѓе.

– Во Ирска денеска е продолжена вонредната мерка за забрана за излегување до 5 мај со цел да се забави ширењето на епидемијата на коронавирусот.

– Во Јемен е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопштија денеска здравствените власти во земјата. Случајот е регистриран во источната провинција Хадрамут, а пациентот е во стабилна состојба.

– Продажбата на алкохолните пијалаци со САД се зголемила за 22 проценти во последната недела од март, во споредба со истиот период минатата година.

– Финската Влада ја прифати оставката на Томи Лунема, шеф на агенцијата за итни достави, поради купување на кинески заштитни маски во вредност од еден милион евра, кои се покажале како непогодни за употреба во болница. (МИА)

Коронавирус