недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус починале 1.003.405 лица, се заразиле вкупно 33.385.696

Од коронавирус починале 1.003.405 лица, се заразиле вкупно 33.385.696

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три нови жртви на Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата починале 625 заразени од коронавирусот. Вчера се регистрирани и 48 новозаболени (15.520 од појавата на заразата) и 142 излекувани. Вкупната бројка на пациенти кои ја совладале болеста достигна до 13.420, а активни носители на вирусот во моментов се 1.475 лица.

– Според последните информации во Србија регистрирани се 30 новозаболени од Ковид-19 и еден смртен случај. Од 30 позитивни 21 заразени се од Белград. Хоспитализирани се 279 луѓе, а на респиратор се вклучени 20 пациенти. Стапката на смртност во Србија изнесува 2,24 отсто.

– Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 269 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште четири лица. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 383 смртни случаи и 17.707 заразени лица.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19 од 2.465 направени тестови, со што бројот на заразени се зголеми на 1.713 лица.

– Во изминатото деноноќие во Хрватска забележани се 48 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на активни случаи се изкачи на 1.180. Според хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита, 291 пациент се на болничко лекување, а 24 на респиратор. Од 25 февруари до денеска во Хрватска регистрирани се 16.245 заразени со новиот коронавирус, од кои починале 272 луѓе.

– Во Црна Гора во изминатите 24 часа регистрирани се 128 новозаболени и петмина починати пациенти. Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.558.

– Во изминатото деноноќие во Република Српска пријавени се четири смртни случаи од последици од Ковид-19 и 30 новозаразени лица. Во РС досега регистрирани се 9.197 случаи на новиот коронавирус и 302 смртни случаи.

– Во Албанија, во изминатото деноноќие, од направените 824 тестови на сомнителни случаи Ковид-19 е дијагностиран кај 132 лица (25 повеќе од вчера), со што вкупниот број заразени се зголеми на 13.391. Во изминатото деноноќие во списокот на оздравени се впишани 95 или 7.629, починале три лица или вкупно 380,додека активни на болеста се5.382.

– Во Австрија во изминатите 24 часа регистрирани се 556 новозаразени со Ковид-19, од кои 242 лица во Виена, а потоа следи Долна Австрија со 117 инфицирани. Во Австрија во моментот има 8.564 заразени со новииот коронавирус, од кои 446 се хоспитализирани, а 84 се на интензивна нега.

– Во Украина во изминатото деноноќие регистрирани се 2.671 новозаразени лица, што е за 500 помалку во споредба со вчера. Во истот период 37 луѓе починале од последици од Ковид-19.

– Во изминатите 24 часа во Словачка пријавени се 265 новозаразени лица, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 9.343. Во земјата од почетокот на епидемијата починаа 44 лица од последици од новиот коронавирус.

– Во Холандија за еден ден регистрирани се 2.914 новозаразени лица со Ковид-19, додека вчера беа потврдени 2.995 позитивни случаи. Поради тоа локалните власти разгледуваат воведување на нови регионални мерки, како задолжително носење на маски и ограничување на работното време на кафулињата. Во Холандја од почетокот на пандемијата зараазени се 114.540 луѓе, а од последици од Ковид-19 починаа 6.380 пациети, од кои шест во изминатото деноноќие.

– Во Велика Британија во изминатите 24 часа регистрирани се 4.044 новозаболени лица, со што вкупниот број се искачи на 439.013 луѓе. Во истиот период забележани се 13 смртни случаи, со што бројот на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 42.001 човек. (МИА)

Коронавирус