четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 99
home Вести

Од каде канабис во јапонскиот парламент?

Од каде канабис во јапонскиот парламент?

Четири билки канабис биле пронајдени во зградата на парламентот во Токио, пренесува Би-Би-Си.

Четири растенија канабис се тргнати откако биле забележани од еден посетител. Тие изгледаат дека се стари околу два месеци, а не е познато како влегле во зградата на парламентот.

Како што соопштуваат од јапонскиот парламент, семе од канабис можело да биде донесено од ветер или од птици. Случајот е пријавен во Владата на Јапонија, која веднаш испратила двајца претставници да го испитаат случајот.

Во иднина планирани се неколку посети за да се утврди дали билките се потполно искоренети и не се шират.

Јапонија има строга политика и нема толеранција кон какво било поседување на дрога, а дури и за мали количини на канабис може да се добие затворска казна од пет години.

Коронавирус