среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 149
home Вести

Од Италија протеран албански државјанин поради опасност за националната безбедност

Од Италија протеран албански државјанин поради опасност за националната безбедност

Италијанските власти протераа албански државјанин, откако било оценето дека претставува опасност за националната безбедност и поврзаност со исламскиот радикализам.

Станува збор за Флориан Сарачи (32) албански емгрант, кој живеел во Вилорба, кај Тревизо.

– Италјанскиот сектор за антитероризам од 2017 година го набљудувал 32-годишниот Флоријан Сарачи како личност вклучена во исламски радикален процес, поврзан со странски верски здруженија, активни во провинцијата Венеција. Од март 2018 година тој се откажал од својата професија како ѕидар со промена на неговиот животен стил со муслиманска облека и брада, наведува Ора њуз.

Според истиот извор, во февруари 2019 година, италијански суд му изрекол казна затвор во траење од една година за малтретирање и семејно насилство врз неговата сопруга и ќерка. Тој ја принудувал сопругата да носи единствено муслиманска облека и да оди во џамија.

Градоначалникот на Тревизо ја поништил дозволата за долгорочен престој и ја потпишал наредбата за протерување на Сарачи во Албанија како „лице опасно за националната безбедност на земјата“.

Во средината на минатата година, италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин. Четворицата странци, од нив еден Албанец (37) од Косово, еден Албанец (39) од Северна Македонија, Французин (28) кој го примил радикалниот ислам и државјанин на Тунис (45), беа протерани исто така поради опасност по безбедноста на земјата.