среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 170
home Вести

Од Ерменија во Нагорно Карабах се вратиле 4.400 лица

Од Ерменија во Нагорно Карабах се вратиле 4.400 лица

Околу 1.400 лица кои ги напуштија своите домови во Нагорно Карабах се вратија дома откако поминаа извесно време во Ерменија и ги чуваат руски мировници, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Според руски медиуми, на брифинг во Москва, тој изјавил дека досега се вратиле вкупно 4.400 лица.

– Во четврток, на 19 ноември, уште 1.382 бегалци се вратија во Нагорно Карабах од територијата на Ерменија, во областите под контрола на руските мировни сили, рече Конашенков.

Тој додаде дека „мировниците им помагаат на локалните власти што е можно повеќе да го вратат животот во нормала“.

Коронавирус