сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Од денеска затвор за прекршување на социјално дистанцирање во овој град држава

Од денеска затвор за прекршување на социјално дистанцирање во овој град држава

Секој кој во Сингапур ги крши правилата за социјално дистанцирање од денеска би можел да заврши во затвор, откако тој град држава прогласи за кривично дело намерно приближување кон друго лице за време на епидемија со новиот коронавирус.

Според законот за заразни болести, секој кој намерно ќе се најде на растојание помало од еден метар од друго лице на јавно место ќе биде прогласен за виновен за прекршок.

Паричната казна за сторителите ќе биде до 6.990 долари или до шест месеци затвор, или и двете. Новото правило ќе важи до 30 април.

Бројот на потврдени случаи на заразени со Ковид-19 во Сингапур се зголеми за 52 на 683 вчера, со два смртни случаи досега.

Коронавирус