среда, 23. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Од денеска во Брисел задолжително носење заштитна маска за лице

Од денеска во Брисел задолжително носење заштитна маска за лице

Носењето заштитна маска за лиде од денеска е задолжително во Брисел, пренесуваат белгиските медиуми, кои посочуваат дека мерката е донесена поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Во текот на минатата недела во белгиската престолнина во просек дневно беа регистрирани по 50 новозаразени на 100.000 жители, што ја принуди градската власт да наложи носење маска на сите јавни места во градот, што значи и во паркови и улици.

Мерката не се однесува на деца до 12 години, како и за луѓе со посебни потреби. (МИА)

Коронавирус