понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 63
home Вести

Од денеска „Хуавеј“ е на црната листа на САД

Од денеска „Хуавеј“ е на црната листа на САД

Наредбата на американската админстрација со која се става кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис на црната листа стапува на сила денеска.

Министерот за трговија Вилбур Рос вчера изјави дека од денеска стапува на сила таа наредба. Американското министерство соопшти дека на т.н. Листа на правни лица (Entity list) е Хуавеј технолоџис и уште 70 филијали со што и се забранува на таа телекомуникациска компанија да набавува компоненти и технологија од американски фирми без претходно одобрување од САД.

Покрај тоа, Трамп потпиша и наредба со која се забранува на фирми од САД да користат телекомуникациска опрема од компании што се сметаат дека се ризик за националната безбедност. Во таа наредба не е наведена ниту една држава или компанија, но американски официјални лица претходно ја означија Хуавеј за „закана“ и лобираа кај сојузници да не користат мрежна опрема од Хуавеј за 5G мрежи.