вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 121
home Вести

Од денес полициски час во Чешка

Од денес полициски час во Чешка

Во Чешка денес стапува на сила полициски час од 21 часот до 5 часот наутро, во рамките на заострувањето на мерките заради ширење на коронавирусот.

Премиерот Андреј Бабиш најавил вчера и дека владата ќе побара од парламентот продолжување на вонредните овластувања за уште еден месец, односно до 3 декември, за да се спречи растот на заразени со коронавирусот.

Наредбата на чешката влада за вонредна состојба истекува на 3 ноември, потсетува „Ројтерс“.

Чешка веќе со денови урива рекорди по бројот на новозаразени, а тие бројки и оваа недела се над 10.000 заразени дневно. Според најновите информации Чешка и денес пријавила преку 15.000 новозаразени, поточно 15.663 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен биланс на новозаразени во таа земја.

Податоците на министерството за здравство покажуваат дека вкупниот број на заразени пораснал на 284.033, а дека бројот на починати се искачил на 2.547.

Како што наведува „Ројтерс“, Чешка во последните две недели се соочува со најбрза стапка на заразување во Европа, со 1.324 случаи на 100.000 жители.

Вкупниот број на хоспитализирани се зголемил на 6.161 пациент, велат новите податоци на Министерството за здравство.

Во тешка состојба на интензивна нега или на респиратори во чешките болници моментално се 893 пациенти.

Чешка побарала и веќе почнала да добива како помош респиратори од резервите на Европската унија и НАТО и земјите членки.

Коронавирус