сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Од ден на ден нов рекорд во Италија: Денеска срушен најцрниот од почетокот на пандемијата

Од ден на ден нов рекорд во Италија: Денеска срушен најцрниот од почетокот на пандемијата

Италија регистрира рекордни 24.991 новозаразени со коронавирусот во изминатите 24 часа, а уште 205 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова го урна вчерашниот црн рекорд кога беа евидентирани 21.994 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата во Италија од Ковид-19 починале вкупно 37.905 лица, а регистрирани се 589.766 заразени.

Северниот регион Ломбардија и понатаму е најтешко погоден, со регистрирани 7.558 нови случаи во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 5.035.

Коронавирус