петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Очевидци на страшниот настан во Германија: Сите бегаа, викаа- граѓани масовно давале крв за повредените (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Медиумите во Германија пренесуваат изјави на очевидци кои биле во близина на местото на нападот.
Очевидци на страшниот настан во Германија: Сите бегаа, викаа- граѓани масовно давале крв за повредените (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Германските медиуми пренесоа дека возачот на комбето кој во саботата попладне влета во маса луѓе во центарот на Минстер и при таа прилика усмрти две лица, по што се уби, е Германецот Јенс Р. (48), без никакво кривично досие.

При нападот повредени се 20 луѓе, меѓу кои 6 се во критична состојба.

Како што наведува Билд, тој е по потекло од Сар. Зидојче цајтунг пишува дека станувало збор за психички лабилна личност, додека ЗДФ јавува дека тој неодамна пробал да изврши самоубиство. Освен тоа, наводно одржувал контакти со екстремната десница.

Медиумите во Германија пренесуваат изјави на очевидци кои биле во близина на местото на нападот.

Угур Хур работел во кафулето во близина на центарот на Минстер, каде што се случи нападот.

-Слушнав гласен удар, викање. Полицијата стигна и сите излегоа надвор. Многу луѓе бегаа викајќи, кажа тој.

Лино Балди, сопственик на италијански ресторан што се наоѓа во близина на местото на несреќата, кажа за Скај ТГ24 дека градот бил полн со луѓе кои уживале во саботната прошетка на скоро летните температури.

Минстер е град со околу 300.000 жители, еден од најголемите универзитетски центри во Германија, со околу 50.000 студенти. Во стариот градски дел се наоѓаат голем број на кафулиња, ресторани и културни установи.

Многу граѓани се јавиле на повикот на Универзитетската болница да дадат крв. Набрзо пред болницата се формирал долг ред на крводарители, а болницата после еден час им се заблагодари на сите и соопшти дека собрани се потребните залихи на крв.

Коронавирус