вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Вести

Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезна корупцијата

Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезна корупцијата

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека ќе носи заштитна маска само откако целосно ќе се искорени корупцијата во земјата.

-Знаете кога ќе ставам маска? Кога нема да има корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборувам, рече Обрадор на прес-конференција, во момент кога неговата земја стигна на третото место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19, јави Би-Би-Си.

Корупцијата одамна е болна точка во мексиканскиот политички систем и земјата се наоѓа на 130 место на најновиот список на Транспаренси Интернешнл според индексот на корупција во светот.

Обрадор, кој е скептичен за носење маски, е цел на критики поради неговата реакција на пандемијата, затоа што се верува дека тој ги вовел рестриктивните мерки доцна, а потоа нагло ги укинал. (MИА)

Коронавирус