среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

Објавено последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Објавено последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Министерството за правда на САД го објави последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Во обвинението е осомничен дека регрутирал хакери на конференции во Европа и во Азија кои би можеле да обезбедат доверливи информации за неговата веб-страница, како и дека бил во дослух со членови на хакерски организации.

Изменетото обвинение не содржи повеќе од 18 точки, меѓутоа, обвинителите велат дека тоа ги истакнува напорите на Асанж за добивање и објавување на класифицирани информации, пренесува АП.

Покрај регрутирање хакери на конференции, обвинението го товари Асанж за соработка со хакерските групи „Анонимни“ и „ЛулзСек“, како и со 17-годишен хакер, кој му давал информации украдени од банка и аудио записи на високи владини функционери.

Адвокатот на Асанж, Бери Полак, рече дека „немилосрдната потрага на владата за Џулијан Асанж“ претставува сериозна закана за новинарите и за правото на јавноста да знае.

„Денешното дополнување на обвинението е уште едно поглавје во напорите на американската влада да ја убеди јавноста дека нејзината потрага по Џулијан Асанж се заснова на нешто друго, освен на објавување вистинити информации што се важни за весниците“, рече адвокатот.

Асанж беше уапсен минатата година, откако беше протеран од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што е од 2012 година и во моментов е во притвор каде ја чека одлуката дали ќе биде екстрадиран во САД.

Министерството за правда на САД го сомничи за заговор со поранешниот американски војник Челси Менинг за протекување доверливи документи.

Коронавирус