четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 31
home Вести

Објавена снимка од местото каде што бил убиен шефот на ИСИС (ВИДЕО)

Објавена снимка од местото каде што бил убиен шефот на ИСИС (ВИДЕО)

Ал Багдади се убил за време на американската операција со активирање на самоубиствениот појас со експлозив, кажа американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање до нацијата кое беше пренесувано во живо од Белата куќа. Тестовите на ДНК спроведени по завршувањето на операцијата на лице место го потврдиле неговиот идентитет, кажа американскиот претседател.

Багдади бил добро чуван, а се обидел да избега. Пред да се убие, неговите луѓе пружиле отпор.

„Тој дојде до крајот на тунелот додека го бркаа нашите кучиња. Го активираше појасот со експлозив и се уби себеси и три деца. По експлозијата дел од ѕидот на тунелот се урнал врз него“, објави Трамп детали од акцијата.

Тајната операција почнала околу 17 часот во саботата навечер со прелетување на осум хеликоптери во кои се наоѓале американски специјалци над „многу, многу опасна територија“ кон крајната дестинација, кажа Трамп. Во мисијата биле вклучени и бројни други американски авиони и бродови, дел од кои на разни локации во Ирак.

За време на летот во хеликоптерите пукале локални милитанти, но војниците возвратиле на оганот и ја отстраниле заканата.

Откако стигнале на одредиштето, трупите го пробиле одбранбениот ѕид за да ги избегнат мините и другите замки во околната област. Тогаш се соочиле со милитантите на ИСИС и убиле „голем број“ терористи, а притоа немало жртви на американска страна, истакна Трамп.

Камерите вчера го снимиле местото каде што се случила борбата. Целосно е претворено во урнатина.

Коронавирус