петок, 25. мај 2018. Вести денес: 9
home Вести

Објавена прогнозата за летово: Каде ќе има силни бури, а каде пеколни температури

Објавена прогнозата за летово: Каде ќе има силни бури, а каде пеколни температури

„Акуведр“ вчера ја објави прогнозата за летото на подрачјето на цела Европа. За подрачјето на Франција,Германија и северна Италија постои опасност од пожари кога температурите ќе се зголемуваат.

Се очекуваат температури над 32 степени Целзиусови во повеќе наврати, од јуни до август.

Најголемиот тополотен уадр ќе донесе температури од 38 степени во јужна Франција и северна Италија.

– Постои загриженост поради долготрајниот топлотен бран за време на летото, што може да предизвика проблеми за помладите и постарите лица, вели метеорологот Алан Реперт.

– Уште една грижа е квалитетот на воздухот, кој значајно ќе влијае на постарите лица и лицата со здравствени тегоби, додаде метеорологот Тајлер Ројс.

Комбинацијата од високи температури на воздухот со суви земјишта и вегетација ќе доведе до ризик од пожари кои се поголеми од нормалното.

Како последица од големите топлини на овие подрачја се очекува суша, поради што може да дојде до избувнување на големи шумски пожари.

За подрачјето на источна Европа се очекуваат опасни бури.

Комбинација од натпросечно високи температури и влажен воздух кој ќе пристигне од Медитеранот ќе доведе до силни грмежи на подрачјето на источна Полска и Чешка до Белорусија.

Иако во поголемиот дел од Европа може да се очекува сушно лето, сепак чести врнежи и грмежи може да се очекуваат во јужните делови од Италија и Балканскиот полуостров.

Локациите како што се Рим, Тирана, Софија и Букурешт би можело да бидат погодени со големи поплави.

Но, сепак сушата се очекува оваа година да биде главна причина за загриженост во Украина и делови од северниот дел од Балканскиот полуостров.

По прилично влажниот март, суво време во Украина ќе преовладува за време на април.

Се очекува овој тренд да продолжи до август, што ќе доведе до суша, но и големи штети на земјоделските површини.

Во некои делови од Балканот и Украина може да дојде до недостиг на питка вода. Акуведр напоменува дека и овој регион го очекуваат топлотни бранови, иако нема да бидат изразени како минатото лето.