среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

НВО: Во напади на меѓународната коалиција против ИД во Сирија од 2014 се убиени 3.300 цивили

НВО: Во напади на меѓународната коалиција против ИД во Сирија од 2014 се убиени 3.300 цивили

Околу 12 илјади луѓе, меѓу кои повеќе од 3.300 цивили се убиени од 2014 година до сега во напади на меѓународната коалиција, предводена од САД, против „Исламска држава“ во Сирија.

Ова го соопшти невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија.

Меѓу убиените цивили има 826 деца и 615 жени.

Меѓународната коалиција ја презеде одговорноста за смртта на најмалку илјада цивили во Ирак и Сирија од почетокот на нејзините операции во двете земји.

Коментирајќи ги податоците на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, портпаролот на коалицијата Шон Рајан истакна дека таа се заснова на „факти и докази“.

– Ние не инсистираме на тоа дека располагаме со точни бројки, но можам да уверам дека се потпираме на најдобите достапни докази, додаде тој.

(Миа)

Коронавирус