петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 168
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Новозеландската премиерка ги скрати платите на цела Влада

Новозеландската премиерка ги скрати платите на цела Влада

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, себе си и на министрите ќе ги намали платите за 20 проценти во текот на следните шест месеци, во услови на пандемија на коронавирус, јави германската агенција ДПА.

Таа најави намалување на платите и за шефовите на јавните служби.

-Станува збор за челници. Ако постои момент за надминување на јазот меѓу разни позиции, сега е тој момент, рече таа на денешната прес-конференција.

Премиерката појасни дека нема намалување на платите за вработените во јавните служби на првата линија, полицајците и здравствените работници.

Ардерн годишно заработува околу 247 илјади евра, а министрите околу 165 илјади евра.

На Нов Земалд од новиот коронавирус се заразени 1.386 лица, а деветмина се починати. (МИА)

Локални избори 2021