среда, 23. септември 2020. Вести денес: 161
home Вести

Новозаразените во Нов Зеланд ги збунија властите: Дали вирусот се пренел преку пакувања со замрзната храна?

Новозаразените во Нов Зеланд ги збунија властите: Дали вирусот се пренел преку пакувања со замрзната храна?

Властите во Нов Зеланд истражуваат дали новите случаи на коронавирус, кои по 102 дена беа регистрирани во земјата, се резултат на увезени пакувања со замрзната храна.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, по откривањето на четворица заразени членови на семејство од Окленд, веднаш воведе нови строги ограничувања за движење во најголемиот град во Нов Зеланд и ограничувања за патувања низ целата земја.

Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти во земјата, кои се убедени дека во Нов Зеланд немало локално пренесување на вирусот веќе 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

„Напорно работиме за да ги собереме сите делови од сложувалката за тоа како се заразило ова семејство“, рече раководителката на здравствениот систем во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд.

Спроведените тестови ја откриле можноста за потенцијален увоз на вирусот преку замрзната храна.

Во тек е тестирање на работните површини во магацин за разладување во Окленд, каде работел човек од заразено семејство, пренесува Блумфилд. Инфицираниот маж веќе неколку дена е на боледување, а сите вработени се испратени дома.

Коронавирус