понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новогодишен пекол во Австралија: Расте бројот на жртви, пожарите беснеат

Новогодишен пекол во Австралија: Расте бројот на жртви, пожарите беснеат

Денеска е потврдена и третата жртва од разорните пожари кои оваа недела го зафатија југоисточниот брег на Австралија, а едно лице се води како исчезнато.

Вкупно 12 луѓе, меѓу кои и тројца пожарникари доброволци, досега загинаа во пожарите кои со месеци горат низ Австралија.

Проследени со високи температури, огнот и чадот претходните два дена примораа илјадници жители и туристи од крајбрежните градови засолниште да побараат на плажите.

Австралија денеска распореди воени бродови и авиони за да им помогне на заедниците опустошени од пожарите кои уништија куќи и раселија илјадници жители.

Коронавирус