вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 146
home Вести

НОВО ПИСМО, НОВА ЗАКАНА ОД ВОЈСКАТА: На Макрон му се подготвува ВОЕН удар, а на Франција граѓанска војна?

НОВО ПИСМО, НОВА ЗАКАНА ОД ВОЈСКАТА: На Макрон му се подготвува ВОЕН удар, а на Франција граѓанска војна?

Се зголемува загриженоста и паниката во Франција околу новото отворено писмо во кое се предупредува на заканата од граѓанска војна. Според Би-би-си писмото веќе има повеќе од 130.000 потписи од јавноста.

Впрочем, во документот објавен во десничарскиот магазин Валор актуел, француската влада се обвинува дека направила „отстапки“ на исламизмот.

„Се работи за опстанокот на нашата земја“, стои во текстот, кој војниците анонимно го издале, пред да наиде на поддршка од дел од јавноста.

Новото писмо е објавено како поддршка на првото писмо, објавено на 21 април, на 60-годишнината од неуспешниот државен удар против генералот Шарл де Гол поради неговата поддршка за независноста на Алжир.

Првото писмо, во кое се предупредува на „распадот” на Франција, е потпишано од голем број пензионирани генерали, како и најмалку 18 активни војници, вклучително и четворица офицери.

Најновиот текст е објавен доцна синоќа во споменатото десничарско списание, иако не се познати ниту бројот, ниту чиновите на оригиналните потписници, кои само објавиле дека се активни припадници на војската.

Сепак, авторите на писмото се опишуваат себеси како припадници на помладата генерација војници кои служеле во Авганистан, Мали и Централноафриканската Република или учествувале во антитерористички акции на домашен терен.

„Дадоа сè за да се уништи исламизмот, а вие на наше тло му правите отстапки“, напишаа тие.

Во пораката, исто така, се критикува француската влада поради нејзината реакција на писмото од „старешините“ кои го потпишаа писмото минатиот месец: „Дали тие се бореа за вас за да овозможат Франција да стане пропадната држава?“.

„Ако овде започне граѓанска војна, војската ќе одржува ред на свое тло“, се вели во писмото.

„Никој не би ја сакал таа страшна ситуација – нашите старешини ништо повеќе од нас – но, да, граѓанска војна се подготвува во Франција, и вие тоа совршено добро го знаете“, се додава.

Франција неодамна предложи контроверзен закон како форма на борбата против како што рече претседателот Емануел Макрон, „исламскиот сепаратизам“, кој беше усвоен од француските пратеници во првото читање.

Сепак, некои критичари и во Франција и во странство ја обвинија владата за неправедно таргетирање на исламот.

Првото писмо е предупредување за „распадот” на Франција

Впрочем, првото писмо беше напишано од страна на 20 пензионери воени генерали кои отворено ја повикуваат Армијата да изврши воен удар и насилно да го тргне од власт претседателот Макрон.

Но, она кое создава дополнителна тензија е фактот дека на ваквото писмо по објавувањето се приклучија и други 80 пензионери генерали.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80) генерал во пензија и поранешен командант на Странската легија – една од напознатите воени единици во светот.

Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во анти-исламски демонстрации во 2016та година.

Франција е во опасност

Во писмото се надедува дека претседателот на Франција, Емануел Макрон не може да го сопре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите.

Писмото беше објавено минатата недела во десничарскиот магазин „Актуелни вредности“ и во него се предупредува дека „лабавите“ политики ќе доведат до хаос поради кој ќе биде неопходна „интервенција на нашите другари на активна должност во опасни мисии за заштита на нашите цивилизациски вредности“.

„Крајно време е, Франција е во опасност“, напишаа пензионираните генерали, додавајќи дека неуспехот да се делува против „приградските орди“- се алудира на жителите на мнозински мигрантските населби околу француските градови- и други неименувани групи кои „ја презираат нашата земја“ ќе доведе до „граѓанска војна“ и смрт „на илјадници“.

И Марин Ле Пен испрати порака

Ле Пен тогаш го поздрави писмото и ги покани пензионираните генерали да и се приклучат во кампањата.

-Ве повикувам да се вклучите во битката која е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанин и жена која е вклучена во политиката ви ја давам мојата поддршка, изјавила таа.

Нејзината изјава се случи на истиот ден кога и беше извршен фаталниот напад со нож во полициската станица југозападно од Париз, кој се третира како можен терористички напад.

ЕУРО 2020

Македонија