сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 86
home Вести

Ново истражување: Коронавирусот на кожа опстанува и до 9 часа, една течност го убива за 15 секунди

Ново истражување: Коронавирусот на кожа опстанува и до 9 часа, една течност го убива за 15 секунди

Најновата студија која ја спровеле јапонски научници покажува дека коронавирусот може да опстане на човечката кожа и до девет часа, пренесува канадскиот Глобалњуз.

Експертите велат дека овие резултати не се толку алармантни како што звучат, а примероци од коронавирус се пронајдени и на починати лица ден после нивната смрт.

Откриено е дека Ковид 19 може да живее најмногу 9 часа, односно 5 пати повеќе отколку патогените кои ги предизвикува обичниот сезонски грип.

Студијата исто така покажала дека 80 процентниот етанол може да го убие вирусот во рок од 15 секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Винипег во Канада, вели дека тоа за неа е важен почеток.

„Ако знаеме дека со миење раце можеме брзо да го убиеме вирусот, тогаш ајде да се држиме до тоа. Не треба да паничиме и постојано да се тушираме кога ќе дојдеме од надвор. Само треба да сфатиме дека вирусот е на нашите раце и дека може да ни се случи со тие истите раце да го допреме носот, устата, очите и така да му дадеме можност да се прошири во нашиот организам“, рекла Кар.

Коронавирус