понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 58
home Вести

Новиот вид на коронавирус потврден во најмалку 20 земји и територии во светот

Новиот вид на коронавирус потврден во најмалку 20 земји и територии во светот

Индија е последната земја во која е регистриран новиот вид на коронавирус, кој првично е откриен во Велика Британија.

Најмалку 20 други држави и територии, исто така, пријавија дека е потврден новиот вид на коронавирусот.

Во Европа новиот вид на вирусот е потврден во Холандија, Данска, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Финска, Ирска, Германија, Исланд и Белгија.

Новиот вид на коронавирусот е изолиран и во Канада, Јапонија, Сингапур, Хонгконг, Јужна Кореја, Австралија, Израел и Либан. (МИА)

Коронавирус