среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 91
home Вести

Новиот вид на коронавирус откриен и во Германија

Новиот вид на коронавирус откриен и во Германија

Во Германија е откриен новиот вид на коронавирус, кој брзо се шири во Велика Британија, соопштија денеска властите во германската покраина Баден-Виртемберг.

Лицето кое е заразено пристигнало во Франкфурт од Британија на 20 декември во посета на своите роднини и било позитивно на тестот веднаш по доаѓањето, соопшти на Твитер Министерството за здравство на оваа покраина.

Лицето било пречекано на аеродромот со автомобил од страна на членови на неговото семејство и оттогаш се наоѓа во домашен карантин. (МИА)

Коронавирус