сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Новиот британски сој на коронавирусот се шири во Белгија

Новиот британски сој на коронавирусот се шири во Белгија

Кризниот штаб за Ковид-19 соопшти утрово дека околу 20 отсто од заразените во Белгија се инфицирани со британскиот сој на вирусот, но земјата сѐ уште не е се соочува со трет бран, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-Британскиот сој претставува 20 отсто од новите позитивни случаи, ова јасно е зголемување во однос на јануари кога процентот беше девет, изјави портпаролот на кризниот штаб, Ив Ван Латем.

Што се однесува до јужноафриканскиот сој, тој е многу помалку присутен во земјата, освен на северот.

Властите сепак смируваат дека иако има зголемување на заразените состојбата во болниците е стабилна и не може да се зборува за “трет бран“ на Ковид-19.

-Ова е комплексна епидемиолошка состојба, но ако и натаму внимаваме и ги применуваме мерките, можеме да ја контролираме ситуацијата, рече портпаролот.

Во однос на статистиките, бројот на заразени е зголемен за 12 отсто во споредба со претходната недела, додека стапката на позитивност е стабилна на 5,6 отсто. (MИА)

ЕУРО 2020

Македонија