вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 182
home Вести

НОВИОТ БРАН СЕ ВРАТИ ВО КИНА: Затворен цел град, се воведуваат нови ограничувања- сите стравуваат за повторување на 2020!

НОВИОТ БРАН СЕ ВРАТИ ВО КИНА: Затворен цел град, се воведуваат нови ограничувања- сите стравуваат за повторување на 2020!

Кинеските власти денеска воведоа нови ограничувања за борба против Ковид-19 во областите околу Пекинг и воведоа затворање за 4,9 милиони жители, бидејќи новите случаи на инфекција ги зголемуваат стравувањата од втор бран во земјата.

Бројот на нови случаи во Кина речиси е преполовен од претходниот ден, но локалните власти спроведуваат строги контролни мерки секогаш кога ќе се појават нови случаи за да се спречи  економска парализа како пред една година.

Националната здравствена комисија денеска пријави 55 нови случаи на Ковид-19, во однос на 103 од претходниот ден.

Провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, има 40 од вкупно 42 локално пренесени инфекции.

Градот Лангфанг во Хебеи соопшти дека неговите 4,9 милиони жители ќе останат во домашен карантин седум дена и ќе бидат подложени на масовно тестирање за Ковид-19.

Вкупниот број потврдени случаи на Ковида-19 регистрирани во континентална Кина сега е 87.591, додека бројот на смртни случаи остана 4.634.

Коронавирус