среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Новинарка осудена на шест месеци затвор за откривање медицински тајни

Новинарка осудена на шест месеци затвор за откривање медицински тајни

Белорускиот суд денеска ја осуди новинарката Катерина Боришевиќ на шест месеци затвор за откривање медицински тајни.

Таа е осудена за напишан текст што се разликува од официјалниот извештај на надлежните органи за смртта на демонстрантот Роман Бондаренко, кога властите рекоа дека тој бил „пијан кога починал“.

Боришевиќ објави дека немало алкохол во крвта на демонстрантот Бондаренко кога починал.

Артјом Сорокин, лекарот кој го даде медицинскиот извештај за смртта на Бондаренко, беше суспендиран.

Смртта на Бондаренко (31) стана централна тема за време на повеќемесечните протести против белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој и нареди на полицијата да ги разбие демонстрациите, по што Западот воведе санкции кон Белорусија.

Властите соопштија дека откривањето информации за смртта на Бондаренко претставувало закана за националната безбедност.

Коронавирус