Вечерва голема трагедија го погоди Лестер, откако хеликоптерот на претседателот на клубот се урна во близината на стадионот, а сè уште нема официјална потврда кој бил во него.
Сепак, во последните минути се појавија многу шпекулации, а едни од нив се на еден новинар на англиски „Сан“, Максвел Џексон.
„Сопственикот на Лестер, спортскиот директор и пилотот се прогласени за мртви, а причините се изгореници од трет степен. Во овие моменти се известени семејствата на починатите. Тажен ден за фудбалот“, напиша новинарот.