четврток, 13. август 2020. Вести денес: 112
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

Нови судари против Нетанјаху во Ерусалим, уапсени околу 50 демонстранти

Нови судари против Нетанјаху во Ерусалим, уапсени околу 50 демонстранти

Израелската полиција уапси 50 осомничени кои, наводно, биле вмешани во нарушувања на јавен ред и мир за време на синоќешните демонстрации против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

Претставници на полицијата соопштија дека осомничените нападнале полицајци и новинари.

Демонстрантите носеле факели, труби, запалиле канти и се обиделе да ги урнат полициските барикади, се гледа на видео снимки што ги објави полицијата и локалните медиуми.

Полицијата употреби водени топови против демонстрантите.

Протестот се одржа пред официјалната резиденција на Нетанјаху во Ерусалим и илјадници демонстранти побараа негова оставка. (МИА)

Коронавирус