понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 148
home Вести

Нови страшни детали за таткото монструм кој си ги уби трите деца

Нови страшни детали за таткото монструм кој си ги уби трите деца

Обдукцијата не даде одговор на клучното прашање за смртта на трите деца, седумгодишните близнаци и четиригодишното момче кои ноќта помеѓу петокот и саботата во Загреб беа убиени од нивниот татко, Харалд Копиц.

Истрагата прво покажа дека децата биле убиени така што таткото ги давел, но се поверојатна верзија е дека клучна за смртта било труење со апчиња.

На телата на трите убиени деца се најдени повреди од давење па истрата се сомнева дека таткото ги отрул и ги задавил своите деца. Можно е кај некои од децата смртта да настапила со труење, а кај некои со гушење.

Тоа би требало да го утврди токсиколошкото вештачење на децата кое го наредил јавниот обвинител. Освен на непосредната причина за смртта на децата, полицијата ќе бара одговори на прашањата што го натерало осомничениот на вакво злосторство, дали го испланирал и дали бил под влијание на средства кои би можеле да му го пореметат расудувањето.

Убиецот Харалд Копиц во меѓувреме се наоѓа на болничко лекување и треба да биде испрашан.

– Пациентот е сместен на одделението за интензивна нега и под постојана контрола од полицијата. Не е животно загрозен, сите животни функции му се стабилни и е освестен – наведе директорот на болницата, д-р Давор Вагиќ.

Пациентот (56) ќе биде отпуштен од болница за два дена. Тој се уште не дал изјава на полицијата затоа што од моментот кога се разбудил не прозборел, а официјално се уште не бил уапсен.

– Од моментот кога лекарите ќе проценат дека неговата психолошка состојба е стабилна и дека тој може да ја следи постапката, тој ќе биде предаден во притвор кој сигурно ќе му го одреди судија на претходна постапка – објасни адвокатот Крешимир Шкариќ.

Децата за викенд биле со нивниот татко затоа што неговата бивша сопруга заминала на деловно патување во Дубровник. Околу полноќ тој наводно ги подготвил децата за спиење, но пред тоа на сите им дал “коктел“ од разни лекови. Според информациите на „Вечерњи Лист“, децата почнале да се будат, а Копиц тогаш почнал да ги дави. Кога се уверил дека ниедно од трите деца не дише, едно по едно ги земал во прегратки и ги однел на креветот во дневната соба. Ги ставил едно покрај друго и околу нив ги ставил нивните омилени играчки.

Хорор сцена ги дочекала полицајците кои излегле на дојава за можно самоубиство откако во полиција пријавил познаник на таткото по неговиот проштален статус на Фејсбук и Инстаграм.

„Збогум на сите, ќе заминам затоа што повеќе не можам. Љубовта на мојот живот ме остави затоа што мојата бивша сопруга беше лоша кон неа и немам пари. Се што се обидов во последните година и пол не ме врати на работа, дури ни браќата од масонската ложа не можеа да помогнат. Само моите пријатели, Манфред, Роланд и братот Хелмут ми помогнаа. Сега дојдов до крајот. Затоа, збогум“, напишал на англиски јазик.

Полицајците биле шокирани од сцената и поради тоа ќе им биде пружена психолошка помош, рекоа од загрепската полиција.

Локални избори 2021