четврток, 22. април 2021. Вести денес: 112
home Вести

Нови санкции на ЕУ против четворица руски граѓани

Нови санкции на ЕУ против четворица руски граѓани

Советот на ЕУ соопшти дека се усвоени новите санкции против четири лица граѓани на Русија, како што најави Брисел минатата недела.

Одлуката за дополнителни санкции против руски официјални лица ја донесоа министрите на ЕУ на последниот Совет за надворешни работи и се одговор на казната затвор за опозиционерот Алексеј Навални.

Александр Бастрикин, шеф на истражната комисија на Русија, Игор Краснов, јавниот обвинител, Виктор Золотов, шеф на Националната гарда и Александр Калашников, шеф на федералната затворска служба се четирите лица санкционирани од страна на ЕУ за нивната инволвираност во арбитрарното апсење, гонење и затворање на Навални, соопштија од Советот на ЕУ.

Санкциите се состојат од забрана за патување и замрзнување на имотот, забрането е за било кое лице или ентитет да им стави на располагање било какви фондови на овие четири лица.

Овие санкции се првите под новиот механизам на ЕУ познат како режим на санкции за глобални човекови права, воведен во декември минатата година и кој и овозможува на ЕУ самостојно да санкционира лица и ентитети одговорни за геноцид, злосторства против човештвото, тортура, и други нарушувања на човековите права.

Коронавирус