сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 37
home Вести

Нови проблеми во индустријата на играчки

Нови проблеми во индустријата на играчки

Американскиот производител на играчки Хасбро прикажа нето пад на продажбата од 112,5 милиони долари во првиот квартал на 2018 година, пред се поради банкротот на синџирот Тојс Р Ас, кој беше голем купувач на играчки од Хасбро, но и поради лошата продажба во Европа.

Колапсот на Тојс Р Ас, предизвикан од растот на интернет продажбата на играчки, предизвика сериозни потешкотии за Хасбро, Мател и другите големи производители на играчки, кои мораат да најдат нови начини како да допрат до купувачите. Вредноста на акциите на компанијата падна за 5 проценти, што е најниско ниво за неа од декември 2016 година.

МИА

Коронавирус