недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Вести

Нови проблеми со производството на Ролс Ројс моторите за леталата Боинг 787

Нови проблеми со производството на Ролс Ројс моторите за леталата Боинг 787

Британската компанија Ролс Ројс денеска соопшти дека ќе биат потребни дополнителни инвестиции за да се корегираат проблемите со моторите Трент 1000, кои се користат на авионите Боинг 787 Дримлајнер.

Овој проблем може да предизвика дополнителени застои за американската компанија во испораката на патничките летала. Проблемот е во сечилата на авионските турбини, кои се трошат побргу отколку што беше предвидено со техничките спецификации.

– Жалиме за проблемите што им ги предизвикавме на нашите муштерии, изјави директорот на Ролс Ројс, Ворен Ист.

Акциите на британската компанија паднаа за 1 процент по објавувањето на веста.

МИА

Коронавирус