четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 126
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Нови пожари во околината на Чернобил

Нови пожари во околината на Чернобил

Во околината на напуштената нуклеарна електрана Чернобил во Украина денеска избија нови пожари, чие гасење е отежнато поради силниот ветер.

– Нивото на радијација во Киев и во регионот на Киев е во граници на нормалата, истакна директотрот на Службата за итен одговор Володимир Демчук.

Тој додаде дека се ангажирани илјада луѓе за гаснење на пожарот.

Припадниците на украинската Служба за вонредни ситуации на 14 април изгаснаа голем шумски пожар во Чернобил. Пожарот изби на 4 април, при што изгоре голема шумска површина, како и 12 некогашни населби, чии жители беа евакуирани за време на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

Коронавирус