вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Нови ограничувања за медиумите во Авганистан: Забрането е појавување на актерки, а презентерките мора да носат хиџаб

Нови ограничувања за медиумите во Авганистан: Забрането е појавување на актерки, а презентерките мора да носат хиџаб

Талибанците денеска воведоа низа ограничувања за авганистанските медиуми, вклучително и забрана на телевизиски драми во кои се појавуваат актерки, а на презентерките на вести им наредено да носат хиџаб.

Авганистанското Министерство за спречување на пороците и за промоција на доблестите неделава воведе девет правила, што се однесуваат на забрана на сите медиуми кои се спротивставуваат на „исламските или авганистанските вредности“.

Дел од указите се однесуваат на жените.

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајт воч“ (ХРВ) соопшти дека се влошува слободата на медиумите во Авганистан. (МИА)

Коронавирус