петок, 14. мај 2021. Вести денес: 3
home Вести

Нови мерки против коронавирусот во Германија: Воведени се заклучување и полициски час, луѓето протестираат

Нови мерки против коронавирусот во Германија: Воведени се заклучување и полициски час, луѓето протестираат

Германските пратеници денеска го одобрија предлогот на Владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување ограничувања во областите каде коронавирусот се шири пребрзо, а меѓу мерките се заклучување и полициски час.

Според медиумите, 342 пратеници биле „за“, 250 „против“, додека 64 пратеници биле воздржани.

Мерките вклучуваат полициски час од 22 до 5 часот наутро, затворање на училишта, како и „катанец“ на региони каде широко распространето е ширењето на коронавирусот.

Во исто време, додека долниот дом на парламентот разговараше за новите мерки, илјадници демонстранти се собраа на околните улици, пренесува Асошиејтед Прес, и јавува Танјуг.

Според „Спутник“, солзавец бил фрлен кон демонстрантите.

Коронавирус