петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нови информации за Нотр Дам: Откриено од каде потекнал пожарот, истражувачите имаат големи проблеми

Нови информации за Нотр Дам: Откриено од каде потекнал пожарот, истражувачите имаат големи проблеми

Француската полиција и истражувачите официјално уште не знаат како точно избил пожарот кој во понеделникот ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз.

Меѓутоа, после прегледаните снимки од безбедносните камери, како и аматерските снимки на случајните минувачи, истражувачите веруваат дека пожарот почнал од централниот дел на кровот.

Истражувачите се фокусирале на два проблеми. Имено, како што изгледа, можно е да се појавил проблем со сензорите за оган.

Другиот дел од истрагата води кон лифтовите кои се направени за работниците кои работат на скеле. Меѓутоа, нема многу детали за тоа.

Да потсетиме, оганот е забележан во 18:43. Тогаш пламенот бил веќе три метри висок. Првиот аларм се пуштил во 18:15. Тогаш уште никој не го забележал.

Исто така, како што се пишуваше претходно, истражувачите засега веруваат дека за пожарот „виновен“ е краткиот спој на електрични инсталации.

Коронавирус