вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Вести

Нови детали за експлозијата во зграда: 12 повредени, евакуирани станари, причината непозната

Нови детали за експлозијата во зграда: 12 повредени, евакуирани станари, причината непозната

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција.

По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари се евакуирани.

Болнички извори информираа дека две од жртвите се потешко повредени, додека останатите десет минале со полесни повреди.

Експлозијата се случила во 17.30 часот.

По инцидентот полицијата ја блокираше улицата во која се наоѓа зградата, а на местото на настанот пристигнаа неколку противпожарни и амбулантни возила.

Причините за експлозијата се уште не се познати.