недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 60
home Вести

Нови антивладини протести во Романија

Нови антивладини протести во Романија

Неколку стотици Романци синоќа протестираа во главниот град Букурешт, одбележувајќи еден месец од антивладините демонстрации што беа разбиени со полициска интервенција, при која беа повредени 450 демонстранти.

Помали собири се организираа и во други градови низ Романија.

Демонстрантите ја обвинуваат Владата предводена од Социјалдемократската партија за корупција и бараат нејзина оставка.

Извор на незадоволство особено предизвикаа предложените судски реформи со кои ќе се ублажат казните за злоупотреба на службената должност, со што повеќе истакнати политичари ќе бидат заштитени од кривично гонење.

МИА