сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 70
home Вести

Нови 7 смртни случаи во Турција од коронавирус, потврдени уште 293 позитивни случаи

Нови 7 смртни случаи во Турција од коронавирус, потврдени уште 293 позитивни случаи

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца изјави дека од новиот коронавирус починале седум луѓе и потврдени се уште 293 пациенти инфицирани со Ковид-19.

Во изминатите 24 часа добивме резултати од 3.672 тестови на коронавирус. Потврдени се 293 нови случаи на зараза. И покрај напорите што ги вложуваме, болеста победи седум наши пациенти, напиша Коца на Твитер.

Тој посебно ги предупреди младите луѓе да не мислат дека ќе бидат изземени од епидемијата.

-Забавете го темпото на живот. Не се изложувајте на ризик. Не го носете ризикот дома. Останете дома. Животот може да престане и дома, истакна Коца.

Во Турција досега од Ковид-19 инфицирани се вкупно 1.529 лица, а починаа 37.

Коронавирус