четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 147
home Вести

Нови 5.065 случаи со коронавирус во Русија, 114 лица починале

Нови 5.065 случаи со коронавирус во Русија, 114 лица починале

Во Русија се потврдени уште 5.065 случаи на коронавирус, додека 114 лица починале, објави Центарот за борба против коронавирус.

Вкупниот број на пациенти од почетокот на епидемијата во Русија сега е 912.823, додека вкупниот број на починати е 15.498, јавува Тасс. Повеќето нови пациенти се во Москва и Санкт Петербург.

Како што се наведува, во моментот се хоспитализирани 174.361 пациенти, додека 6.568 лица оздравеле во последните 24 часа.

Коронавирус