вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 99
home Вести

Нови 39 заболени во Кина, сите пациенти пристигнале од странство

Нови 39 заболени во Кина, сите пациенти пристигнале од странство

Нови 39 случаи на инфекција со новиот коронавирус беа пријавени вчера во Кина – сите за пациенти кои пристигнале од странство, се вели официјалните податоци.

Во саботата беа регистрирани 46 случаи додека вчера беа пријавени девет смртни случаи. Сите се во Вухан каде почна епидемијата. Во градот петти ден нема ниту еден случај на новозаразени.

Во Пекинг, Шангај и Гуанжу се воведени нови мерки за откривање на пациенти кои пристигнале од странство. Властите во Пекинг наредија пренасочување на сите меѓународни летови кон други аеродроми каде патниците ќе бидат прегледани за вирусот. Во Шангај и Гуанжу патниците ќе минат тестови дури и да не доаѓаат од тешко погодените држави со вирусот.

Коронавирус