сабота, 28. март 2020. Вести денес: 72
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нови 132 смртни случаи од Ковид-19, опаѓа бројот на заразени

Нови 132 смртни случаи од Ковид-19, опаѓа бројот на заразени

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми за 132, достигнувајќи 1.921, соопшти локалната здравствена комисија.

Во соопштението се додава дека во провинцијата се регистрирани 1.693 нови случаи, со што вкупниот број заразени е 61.682.

Бројот на новопотврдени случаи на новиот коронавирус во Хубеи е на најниско ниво од 11 февруари и е под 2.000 втор ден по ред.

Најголем број смртни случаи има во главниот град на провинцијата Вухан, за кој се верува дека во него почна ширењето на заразата.

Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во градот досега починале 1.487 луѓе од новиот коронавирус.