четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 128
home Вести

Нови 11 случаи на мајмунски сипаници во Велика Британија

Нови 11 случаи на мајмунски сипаници во Велика Британија

Агенцијата за здравство на Велика Британија (УКХСА) идентификуваше 11 нови случаи на зараза со мајмунски сипаници, соопшти министерот за здравство Саџид Џавид.

Претходно агенцијата пријави девет случаи од 7 мај.

– УКХСА потврди 11 нови случаи на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство. Утрово ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега, напиша Џавид на Твитер.

Тој додаде дека сите случаи се благи и потврди дека земјата купила дополнителни дози вакцини против мајмунски сипаници.

Коронавирус