недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нови 1.384 случаи на коронавирус во Белгија, уште 183 починати

Нови 1.384 случаи на коронавирус во Белгија, уште 183 починати

Здравствените власти на Белгија го соопштија дневниот биланс на заразени и починати од коронавирусот.

Во последните 24 часа се потврдени нови 1.384 заразени, а 183 починале.

Вкупниот број починати изнесува 1.011, од кои 40 отсто имале над 80 години, а 93 отсто над 65 години. Хоспитализирани се 584 лица во последните 24 часа, а 363 ја напуштиле болницата.

Вкупниот број потврдени заразени изнесува 15.348, а 60.462 се тестирани.

Коронавирус