среда, 2. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Новата италијанска Влада положи заклетва

Новата италијанска Влада положи заклетва

Членовите на новата италијанска Влада на премиерот Џузепе Конте денеска положија заклетва во претседателската палата Квиринале во Рим, со што во последен момент е избегнато распуштање на Парламентот избран пред три месеци и одржување на предвремени избори.

Конте, малку познат професор по приватно право, за премиерската функција беше предложен од страна на антисистемското Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка партија Лига, чии лидери Лујџи ди Мајо и Матео Салвини вчера постигнаа нов договор за формирање коалициска влада.

Двете партии и претходно постигнаа договор за формирање влада, но италијанскиот претседател Серџо Матарела одби да го одобри предложениот кабинет, несогалсувајќи се со некои кадровски решенија, пред се со изборот на евроскептикот Паоло Савони за министер за економија.

По постигнувањето на новиот договор, Матарела синоќа и официјално на Конте му го довери мандатот за формирање влада, со што официјално започна постапката за избор на владиниот кабинет.

Конте утрово при напуштањето на својот дом на насобраните новинари им изјави дека е „малку збунет“. – Дали сум збунет? Па да, малку сум, изјави Конте.

Согласно процедурата, по стапувањето на должност на новата Влада, која бори 19 министри, во текот на следната недела Парламнетот ќе треба да се изјасни за доверба на владиниот Кабинет.

Италијанските медиуми како интересен факт го посочуваат тоа што кандидатите за министри од редовите на М5С на денешната церемонија во палатата Квиринале пристигнале со такси возила, додека оние од редовите на Лигата со сопствени автомобили.

МИА

Коронавирус